Модриќ го убедил Ѓулер да потпише за Реал Мадрид


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ потпиша договор до јуни 2024 година со Реал Мадрид, а сега му помогнал на тимот да го договори турскиот талент Арда Ѓулер од Фенербахче.

Ѓулер беше пред потпис со Барселона, но турскиот репрезентативец се премислил и решил да потпише за „кралевите“.

Турскиот новинар Волкан Демир објави дека Модриќ разговарал со Ѓулер и го убедил да дојде во екипата од Мадрид.

„Јас си заминувам следната година, па сакам мојот дрес ти да го носиш“, наводно му кажал Модриќ на Ѓулер.

Реал ќе плати 20 милиони евра за трансферот на Ѓулер, а Фенербахче ќе добие и 20 отсто од следната продажба на играчот.