Модриќ има само една желба, но дали ќе му ја исполни Реал Мадрид?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ се надева дека уште неколку години ќе игра во Реал Мадрид, каде што сака да ја заврши кариерата.

Реал Мадрид оваа сезона го освои шпанското првенство и Суперкупот, а на добар пат е да се закити и со трофејот во Лигата на шампиони (ЛШ), по што треба да реши некои проблеми во тимот.

„Се надевам дека ќе се повлечам во Реал Мадрид. Тоа е мојот дом, среќен сум во клубот. Моето семејство е задоволно, па сакам да играм уште неколку години. Се надевам дека кариерата ќе ја завршам во Реал“, кажа Модриќ.

Модриќ заедно со „кралевите“ ја освои ЛШ во 2014, 2016, 2017 и 2018 година, па сега сакаат да го прекинат постот и да освои нов трофеј.