Модриќ испрати порака на Инстаграм откако потпиша нов договор (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ денеска потпиша нов договор со Реал Мадрид, па така ќе остане уште една година во дресот на европскиот и шпански шампион.

Долго време се шпекулираше за нов договор, а денеска Модриќ и претседателот на клубот Флорентино Перез ги отстранија сите дилеми.

„Многу сум среќен што остануваме во најдобриот тим во светот. Поминав 10 години во кои си го исполнив сонот да играм за Реал Мадрид, но во иднина продолжувам со иста страст и желба како при првиот ден. Хала Мадрид“, напиша Модриќ и позираше со дресот на шпанскиот тим.

Модриќ во дресот на шпанскиот гигант ја освои и „Златната топка“ пред неколку години.