Модриќ кажа како течат преговорите за нов договор и ги израдува навивачите на Реал Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ кажа дека е пред нов договор со шпанскиот шампион, а се очекува да потпише соработка на уште една година.

Модриќ ги израдува навивачите на „кралевите“ со коментар дека преговорите течат во најдобар ред.

„Разговорите за мојот договор се одвиваат добро, но не може да кажам ништо повеќе од тоа. Тука сум многу среќен и очекувам да продолжам да играм и следната сезона“, кажа 35-годишниот Модриќ на прес-конференцијата за медиумите пред мечот во Лигата на шампиони.

Искусниот фудбалер во Реал стигна од Тотнем во 2012 година, а во моментов има договор до крајот на јуни.