Модриќ ќе добие уште едно признание во богатата кариера


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ ќе добие уште едно големо признание во богатата фудбалска кариера.

Најголемиот шпански медиум „Марка“ утре на играчот на Реал ќе му додели престижно признание.

За каква награда станува збор покажува податокот дека оваа титула „Марка“ ја доделува на најзаслужните спортисти во светот.

Па така наградата ја добиваа Мајкл Џордан, Ники Лауда, Мухамед Али, Јусеин Болт, Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Рафаел Надал, Пеле, Фернандо Алонсо и многу други.

Реал Мадрид ја освои титулата во Ла Лига, па до крајот ги чека битка за трофејот во Лига на шампиони (ЛШ).