Модриќ ќе потпише нов договор со Реал Мадрид – познати се деталите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ ќе потпише договор со Реал Мадрид на уште една сезона, иако имаше шпекулации дека ќе си замине од клубот.

Познатиот италијански новинар и специјалист за трансфер, Фабрицио Романо ја објави веста на неговиот профил.

„Новиот договор ќе биде потпишан до 2023 година. Никогаш немало проблеми во преговорите. Само прашање е на време кога ќе бидат комплетирани сите детали“, напиша Романо.

Модриќ наскоро полни 36 години, а во Мадрид стигна во 2012 година од Тотенхем и освои 17 трофеи, меѓу кои и четири во Лигата на шампиони (ЛШ).

Неговите асистенции во ЛШ против ПСЖ и Челси докажаа дека годините се само бројка и го воодушевија фудбалскиот свет.