Модриќ на мајсторски начин го „пецна“ Мбапе


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ веќе 10 години е дел од Реал Мадрид, а ќе остане во тимот барем уште една сезона, откако договори соработка со шпанскиот гигант и наскоро ќе потпише нов договор.

Модриќ во разговор со новинарите го „пецна“ Килијан Мбапе, кој ги изненади сите во Мадрид и реши да остане во Париз, откако потпиша тригодишен договор со ПСЖ.

„Уште не сум го продолжил договорот со Реал Мадрид. Меѓутоа, нема да го направам истото што и Мбапе, па се надевам дека и клубот нема да ми направи такво нешто“, се пошегува Модриќ.

Хрватот беше опуштен затоа што јасно е дека ќе потпише нов договор, а тој ќе биде многу поскромен од сегашниот и не се исклучува можноста Модриќ да ја заврши кариерата во Реал Мадрид.