Модриќ најави пензија: Мундијалот со Хрватска ќе ми биде последен за татковината!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ потврди дека Светското првенство во Катар ќе му биде последно големо натпреварување во дресот на Хрватска.

Модриќ во разговор за „ЕСПН“ кажа дека годините си го прават своето и мора да се повлече од националниот тим за да им остави простор на помладите.

„Свесен сум дека сум пред крај на кариерата и ова е последно мое натпреварување за Хрватска“, вели Модриќ.

Хрватот за репрезетанцијата досега одигра 154 натпревари и постигна 23 гола, а капитен е од 2016 година.

Мундијалот во Катар ќе почне на 20 ноември и ќе трае до 18 декември.