Модриќ нема дилема: „Златната топка“ треба да ја добие Бензема!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид вчера го доби дербито против Барселона со 3-1, а головите за победа ги постигнаа Карим Бензема, Федерико Валверде и Родриго.

Бензема уште еднаш покажа колку е важен на теренот за неговиот тим, а блескаше и минатата сезона, па речиси сигурно вечерва ќе ја добие „Златната топка“.

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ нема дилема за тоа кој треба да победи во изборот за престижната награда.

„Задоволни сме од победата, а јас мислам дека Бензема ја заслужува ‘Златната топка’ за сè што направи во оваа и претходната сезона“, кажа Модриќ.

Претходно, познатиот новинар Фабрицио Романо најави дека Бензема ќе потпише нов едногодишен договор до јуни 2024 година.