Модриќ открива детали од детството кои го промениле: Сите плачеа, а јас не можев да разберам дека повеќе го нема…


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец во редовите на Реал Мадрид, Лука Модриќ во интервју за „Дејли Мејл“ се присети на конфликтите на Балканот.

Многу настани од минатото го промениле и го изградиле како човек, а тој реши да им ги открие на навивачите.

„Трауматични настани од детството ми помогнаа да се обликувам како личност. Иако бев мал, почуствував многу стравови. Сите плачеа, а јас не можев да разберам дека мојот дедо повеќе го нема. Минав низ многу работи во детството. Но, тоа ти помага да гледаш на работите поинаку и на крајот да се грижиш. Да го прифатиш секој пораз и секоја пречка која е дел од фудбалот и да научиш да живееш со тоа“, вели Модриќ.