Модриќ открива детали од детството кои го промениле: Сите плачеа, а јас не можев да разберам дека повеќе го нема...

Хрватскиот репрезентативец во редовите на Реал Мадрид, Лука Модриќ во интервју за „Дејли Мејл“ се присети на конфликтите на Балканот.

Многу настани од минатото го промениле и го изградиле како човек, а тој реши да им ги открие на навивачите.

„Трауматични настани од детството ми помогнаа да се обликувам како личност. Иако бев мал, почуствував многу стравови. Сите плачеа, а јас не можев да разберам дека мојот дедо повеќе го нема. Минав низ многу работи во детството. Но, тоа ти помага да гледаш на работите поинаку и на крајот да се грижиш. Да го прифатиш секој пораз и секоја пречка која е дел од фудбалот и да научиш да живееш со тоа“, вели Модриќ.