Модриќ пред потпис на нов договор со Реал Мадрид – познати се условите!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Легендата на Реал Мадрид и хрватската репрезентација, Лука Модриќ планира да потпише нова соработка со шпанскиот гигант.

Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека Хрватот ќе потпише едногодишна соработка со „кралевите“.

„Новиот договор меѓу Модриќ и Реал Мадрид ќе биде потврден наскоро. Договорот ќе биде продолжен во следните недели или месеци. Тој е незаменлив фактор во плановите на Карло Анчелоти“, кажа Романо.

Модриќ ќе прифати помала плата од моменталната, која изнесува околу 15 милиони евра годишно, па така ќе му помогне на својот тим.

Хрватот е во Мадрид веќе 10 години, каде што стигна од Тотенхем, а исто така ја доби и наградата за најдобар фудбалер во светот и одигра 417 натпревари, а постигна 30 голови.