Модриќ пред три години беше најдобар, а сега доживеа дебакл!


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ пред три години ја освои „Златната топка“, но оваа година во изборот за најдобар фудбалер доживеа дебакл.

Модриќ беше во конкуренција на 30 фудбалери кои се бореа за престижната награда, но на крајот заврши на последното место што воопшто не беше очекувано.

„Франс Фудбал“ по завршувањето на церемонијата го објави генералниот пласман и откри колку фудбалери добиле гласови во изборот за најдобар играч во светот.

Тоа што многумина изненади е дека двајца фудбалери не добиле ниту еден глас, а тоа беа Модриќ и Цезар Аспиликуета.

Лионел Меси беше прв со 613 гласови, а по него следеше Роберт Левандовски со 580, додека трет беше Жоржињо со 460.