Модриќ реши за својата судбина во дресот на Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ и следната сезона ќе остане во Реал Мадрид, откако шпанските медиуми објавија дека тој ќе го продолжи договорот со шпанскиот шампион.

Модриќ треба да потпише соработка до 2022 година, а Хрватот се согласи и на намалување на платата, со желба да ја заврши кариерата во Мадрид.

Искусниот играч според сегашниот договор заработува по 11 милиони евра годишно, но според новиот ќе добие намалување и ќе заработува по девет милиони.

Модриќ во Реал е од 2012 година, а притоа ја доби наградата за најдобар фудбалер во светот, но ги освои и сите други трофеи.

Како негова замена за иднината се споменува Сергеј Милинковиќ-Савиќ за кој Лацио бара околу 70 милиони евра.