Модриќ стана најтрофеен фудбалер во историјата на Реал и доби нов прекар

Лука Модриќ не мисли да запре, иако наскоро ќе полни 39 години, па така вчера испиша историја во дресот на Реал Мадрид.

Модриќ против Кадиз на 38 години и 238 дена стана највозрасниот фудбалер на „кралевите“ во историјата на Ла Лига, а потоа стана и најтрофеен фудбалер.

Жирона славеше со 4-2 против Барселона и така ја потврди титулата на „кралскиот клуб“, а Модриќ го освои 25. пехар со што се израмни со Марсело, Карим Бензема и Начо.

Реал оваа сезона се бори и за пехарот во Лигата на шампиони (ЛШ), па Модриќ и Начо би можеле да се издвојат на оваа листа.

Интересно е тоа што шпанскиот медиум „Марка“ му даде нов прекар на хрватскиот репрезентативец.