Модриќ трет месец по ред избран за најдобар фудбалер на Реал Мадрид


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ беше избран и трет месец по ред за најдобриот фудбалер на Реал Мадрид во гласањето на навивачите.

Модриќ ја доби новата награда благодарение на неговите одлични настапи.

„Уште еднаш им благодарам на сите за поддршката и на тоа што сум им омилен. Многу сум задоволен поради оваа награда“, кажа Модриќ.

Актуелниот шампион славеше со 2-1 против Хуеска и 2-0 против Хетафе и Валенсија, па се наоѓа на втората позиција во првенството со шест бодови помалку и меч повеќе од Атлетико Мадрид.

Модриќ сезонава настапи на 29 меча и притоа постигна четири гола и две асистенции, а неговата соработка трае до крајот на сезонава.