Модриќ удри по навивачите, па „избега“ и почна да им се правда! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид беше поразен во четвртфиналето на шпанскиот Куп од Атлетик Билбао со 0-1 и така се збогуваше со учеството во натпреварувањето.

Моторот на екипата, Лука Модриќ одигра лош меч, а Хрватот на почетокот на натпреварот направи потег со кој ги изнервира навивачите.

Хрватскиот репрезентативец ја шутна топката во рекламата кон навивачите и тоа ги налути, по што следеше жестока реакција.

Веднаш почнаа да го навредуваат Модриќ за неговиот потег, а репрезенативецот на Хрватска не реагираше веднаш, туку „избега“, па почна да им се правда дека не бил намерен ударот кон нив.