Модриќ во Реал Мадрид доживува големо понижување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ одигра лошо полувреме во дербито против Атлетико Мадрид и тренерот Карло Анчелоти реши да го испрати на клупата.

Шпанските медиуми пишуваат дека претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез збеснал и не сака повеќе да го види Модриќ во екипата.

Модриќ претходно одби неколку богати понуди од Саудиска Арабија за да го носи дресот на „кралевите“ барем уште една сезона.

Шпанскиот новинар Марио Картагена открива дека првиот човек на клубот му е лут на Анчелоти затоа што му дал шанса на Модриќ пред помладите и скапи засилувања.

Модриќ најверојатно ја игра последната сезона во дресот на Реал и идното лето ќе си бара нов клуб.