ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Легендарниот Мохамед Салах (32), еден од најзначајните играчи во историјата на Ливерпул, во интервју за „Sky Sports“ потврди дека тековната сезона ќе биде неговата последна во дресот на овој клуб.
„Секоја љубов има свој крај,“ изјави Египќанецот, откривајќи дека на крајот од сезоната ќе ја напушти екипата од „Енфилд“. Преговорите за продолжување на договорот, кои беа во тек, се прекинати, а Салах призна дека верува оти неговата приказна со Ливерпул е завршена.
Сепак, неговата цел останува јасна и амбициозна – да ја освои Премиер лигата уште еднаш и на тој начин да се збогува со клубот како шампион.
„Мојата најголема желба е да ја освојам Премиер лигата оваа сезона, бидејќи ова ќе биде мојата последна година овде. Сакам да го оставам својот белег и да му подарам нешто посебно на овој град кој многу ми значи,“ изјави Салах.