„Моите извори тврдат дека Мбапе наскоро ќе потпише со Реал Мадрид“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Килијан Мбапе е голема желба на Реал Мадрид, а тоа е познато уште одамна на светската јавност. Поранешниот француски фудбалер Жером Ротен кажа дека младиот напаѓач наскоро ќе се пресели во Шпанија.

Тој тврди дека има информација за тоа дека трансферот на Мбапе во Реал Мадрид е пред реализација.

„Извори од ПСЖ ми кажаа дека трансферот на Мбапе е пред реализација. Нема никакви шанси тој да го продолжи договорот со парижаните. Имаат договор да го пуштат и само прашање е на време кога ќе стана официјално“, вели тој.

Младиот напаѓач сака да соработува со тренерот Зинедин Зидан, па со трансфер во Мадрид желбата ќе му се оствари.