Мојс после шест години се враќа во Евертон?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Евертон доживеа убедлив пораз во градското дерби од Ливерпул (5:2), а синоќа управата на клубот одлучи да му додели отказ на тренерот Марко Силва.

Карамелите оваа сезона се во многу лоша форма бидејќи после 15. кола тие се наоѓаат на 18. позиција. После серијата на лоши резултати, управата на клубот од Гудисон парк одлучи дека е време за промени, па така на Марко Силва му се заблагодарија на соработката.

За отказот на Силва се шпекулираше и во изминатите седмици, а од Евертон синоќа потврдија дека тој веќе не е тренер на овој клуб. Силва на кормилото на Евертон стигна на крајот од мај во 2018. година, а не ги исполни целите кои се очекуваа од него.

Евертон летово потроши огромна сума на засилувања, но англискиот клуб никако да заигра како што се очекува. Тимот привремено ќе биде предводен од Данкан Фергусон, но англиските медиуми веќе пишуваат дека се знае кој ќе биде нов тренер на Евертон.

Имено, тоа би бил Мојс кој некогаш со многу успеси го предводеше овој тим. Мојс во летото во 2013. година го напушти Гудисон и го превзеде Манчестер Јунајтед, но неговата кариера тргна во погрешна насока.

Мојс го водеше Евертон од 2002. до 2013. година и после шест години можно е да се врати во клубот. Овој 56-годишен стручњак остана без работа кога доби отказ во 2018. година во Вест Хем.