Мојс се „исклучи“ и се изживуваше врз момче кое собира топки (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дејвис Мојс стана главна тема поради неговиот срамен потег на мечот против Ајнтрахт Франкфурт, кој го загуби неговиот Вест хем со 0-1 и испадна од Лига Европа.

„Чеканите“ имаа проблеми од самиот почеток на натпреварот затоа што Арон Кресвел заработи црвен картон, а полека ги губеше нервите и тренерот Мојс.

Мојс се „исклучи“ на 10 минути пред крајот, кога го истури бесот врз момче кое собира топки и поради неговиот потег ја „запали“ светската јавност.

Детето кое собира топки ја врати топката, а Мојс мислеше дека тоа го направил премногу бавно и силно ја шутна топката кон него, по што доби директен црвен картон.