Мојсовски се зарази со ковид-19!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски се зарази со опасниот ковид-19, а тоа го потврди на социјалните мрежи.

Ракометната легенда испрати порака до граѓаните на Македонија во пресрет на празниците за тие да внимаваат на себе.

„Поради контактите кои ги имав во претходниот период, решив да се тестирам и добив позитивен тест на ковид-19. Во моментов се чувствувам добро и ги следам препораките на докторите. Пред нас се денови кои се познати по празнувањето со пријаталите, но мој апел е да прославите само со најблиските“, напиша Мојсовски.