Молскавична реакција на Сити по понижувањето, пристигна стопер од 70 милиони!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манчестер Сити прописно се понижи на домашен терен, каде Лестер убедливо ги совлада со 5:2.

Неколку часа подоцна пристигна брза реакција од „граѓаните“ во форма на уште еден многу скап трансфер.

Бенфика потврди дека го продала 23-годишниот португалски репрезентативец Рубен Дијаз во трансфер кој многумина го проценуваат на дури 71,5 милиони евра.

Во таа сума се вклучени и бонусите, но нема сомнение дека Сити мораше да „искешира“ поголем дел од парите веднаш, со додаток дека Никола Отаменди тргна во спротивна насока и дека тој ќе стане новиот играч на Бенфика.

Тоа е воедно и најголем трансфер на Пеп Гвардиола кога станува збор за одбраната, на која потроши над половина милијарда евра од пристигнувањето во Манчестер во 2016 година!

Она што загрижува, дури и новата аквизиција во овој момент не влева премногу доверба со оглед на потрошените пари, но целта ги оправдува средствата, би рекле некои …