До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Запалена е статуата на славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо на островот Мадеира.
Полицијата бара непознат човек кој ја полеа статуата со бензин и ја запали, а потоа снимката од вандалскиот чин ја објави на интернет.
Со шокантното видео кое завршува со негово танцување и покажување среден прст кон статуата, вандалот оставил и една исклучително закачувачка порака:
“Ова е последното Божјо предупредување”.
На снимката се гледа дека пламенот брзо се изгасна, а се уште не е познато дали статуата претрпе трајна штета.
















