Моментот кој нема да остави рамнодушен ниту еден навивач на Јунајтед (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед славеше со 2-0 против Њукасл во финалето на Лига Купот и конечно освои титула по долга пауза.

По победата во финалето, на прославата се приклучи и легендарниот тренер Сер Алекс Фергусон, кој се сретна со Ерик Тен Хаг и му честиташе за успехот.

„Фергусон беше со нас вечерва, навистина е среќен“, кажа Тен Хаг.

Тен Хаг кажа дека вечерата која ја имал со Фергусон покажува дека може да научи многу од поранешниот тренер на „ѓаволите“.