Монструозни бројки на Жил Кунде против Реал Мадрид

Фудбалерите на Барселона го освоија шпанскиот Куп на кралот по неверојатно возбудливото финале против Реал Мадрид во Севиља.

“Атомски” фудбал беше одигран до 1 часот изутринава на стадионот “Ла Картуха”, се видоа две големи пресврти, Барселона и по третпат оваа сезона го совлада најголемиот ривал, а за она што на овој натпревар го направи Жил Кунде, не само поради голот за триумфот, долго ќе се зборува и пишува.

Францускиот репрезентативец против Реал постигна 61 точен пас од вкупно 66, имаше седум пресечени топки, шест спасувања во својот казнени простор, три блокирани удари, а за 120 минути претрча 16 километри. На сето тоа, со својот гол го одлучи финалето и совршено го следеше Винисиус Жуниор, кој одигра партија далеку под својот нив.