Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид може да биде среќен затоа што во првиот осминафинален меч загуби само со 0-1 од ПСЖ во Париз, но тренерот на шпанскиот гигант Карло Анчелоти застана во одбрана на неговите избраници без разлика на очајниот настап.
Анчелоти призна дека не е среќен поради одлуката на судијата да им додели жолти картони на Ферланд Менди и Касемиро, кои нема да бидат достапни за реваншот во Мадрид, но смета дека неговиот тим мора да одигра подобро во вториот дуел.
„Мора да бидеме подобри во вториот меч, кога ќе играме пред домашната публика. Не мора да се грижиме за головите на гости, а тоа ќе ни помогне. Јасно е дека ПСЖ има мала предност, но сметам дека тоа не е доволно“, вели Анчелоти.