Мораат да им платат на навивачите по 120 евра поради Роналдо!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус во 2019 година беше дел од подготовките во Азија, а италијанскиот шампион играше и неколку натпревари во Јужна Кореја.

„Старата дама“ беше учесник на турнир, а на стадионот имаше речиси 70.000 гледачи кои сакаа да го видат Кристијано Роналдо, но Португалецот не беше во почетниот состав.

Овој случај заврши на суд во Сеул, а година ипол беше донесена одлука организаторите на натпреварот да им платат отштета на навивачите од 120 евра.

Цената на влезниците била од 25 до 250 евра, а 162 навивачи го тужеле организаторот затоа што Роналдо не играл, па поради тоа организаторот сега ќе им плати по 120 евра за нанесување на „душевна болка“.