Мората добива страшни закани по неговиот живот: Загрижен сум за мојата сопруга и децата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот напаѓач Алваро Мората на Европското првенство (ЕП) има тешки моменти затоа што промаши неколку добри шанси, па поради тоа добива и закани по животот на неговото семејство.

Мората поради неколку неискористени шанси ги налути навивачите, а за жал има лица кои ги преминуваат сите граници и го нападнаа Шпанецот.

„По мечот против Полска не успеав да заспијам девет часа. Добив многу закани, навреди кон семејството, пораки во кои се надеваа дека ќе ми починат децата… Можеби на ЕП не сум толку добар колку што се очекува. Разбирам зошто ме критикуваат, но не знаат како е да се добиваат закани. Кога ќе се случи некоја трагедија, ќе кажат: Беше тоа убаво дете… Ми пречи тоа што ги напаѓаат моите деца и мојата сопруга“, вели Мората.

Мората кажа дека лесно им е на луѓето кои го напаѓаат преку социјалните мрежи, зашто тој го дава максимумот на теренот.