Мората откри зошто планира да замине од Шпанија


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Шпанскиот напаѓач Алваро Мората планира да ја напушти татковината по завршување на Европското првенство (ЕП).

Шпанецот во интервју за медиумите објасни дека ова најверојатно ќе му биде последен турнир на кој игра за Шпанија, а ја откри и причината.

„Тешко ми е да бидам среќен во Шпанија. Посреќен сум во странство. Таму ме почитуваат луѓето, за разлика од тие дома. Се обидувам да уживам во турнирот, кој може да ми биде последен“, кажа Мората.

Мората заедно со Шпанија во полуфиналето ќе се бори против Франција на ЕП.