Морезмо: Нема да има нов Новак, нов Рафа, ни нов Роџер!


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Ролан Гарос се подготвува за официјалното збогување со Рафаел Надал кој есента се повлече од тенисот. Рекордерот со дури 14 освоени пехари пред една година уште не беше подготвен за дефинитивно збогување, но неколку месеци подоцна се увери дека неговата кариера заврши.

Амели Морезмо, некогашен број 1 а сега директорка на парискиот гренд слем, на прашањето од „ТНТ спорт“ – дали Карлос Алкарас ќе биде новиот Надал – категорично одговара:

– Никогаш нема да има нов Рафа, како ни нов Новак или нов Роџер.

Секако, тоа не значи дека 22-годишниот Шпанец нема да има одлична кариера.

– Алкарас е еден од младите играчи кој веќе покажа неверојатни квалитети на теренот, фантастичен дух и ментална сила. Исто така, физички е многу силен. За своите години, веќе има освоено многу гренд слемови – го пофали Французинката бранителот на титулата на Гарос, истакнувајќи ги неговите дури четири најголеми трофеи.

Но тоа не значи дека тој веќе ја има обезбедено улогата на наследник на големата тројка.

– Сите сакаме да видиме некој кој по оваа одлична генерација на тројца големи шампиони ќе може да тргне по нивните стапки и да освои 20 или повеќе гренд слемови. Можат ли Карлос и Јаник тоа да го направат? Кој може да ги наследи? Можеби никој бидејќи тоа е многу тешко. Во секој случај, сите сакаме да видиме кој е способен за тоа.

Фото: Принтскрин