Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Италијанските медиуми започнаа со пресметки и анализи околу цената која може да ја чини Јувентус евентуалното отпуштање на Тијаго Мота. Според првичните проценки, раскинувањето на договорот со Бразилецот, кој има италијански пасош, би можело да изнесува околу 20 милиони евра.
Одлуката на раководството на „Старата дама“ да го прекине договорот со Мота беше донесена, а најавите велат дека потврдата за неговото заминување и назначувањето на Игор Тудор како тренер до завршување на сезоната, се очекува денес или најдоцна понеделник.
Мота неодамна потпиша договор со Јувентус кој важи до јуни 2027 година. Медиумите информираат дека неговата годишна нето плата е помеѓу 4 и 5 милиони евра. Освен тоа, клубот ќе мора да ги подмири и обврските кон останатите членови на неговиот стручен штаб.
Кога ќе се земат сите овие детали предвид, се доаѓа до проценка дека Јувентус би требало да издови околу 20 милиони евра за целосно завршување на процесот и расчистување со Мота и неговиот тим.