Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
По 15 одиграни натпревари, Јувентус е единствениот тим во Серија А кој досега не е поразен. Меѓутоа почетокот не е најдобар зашто во изминатите 14 години само еднаш имале помалку бодови по толку одиграни натпревари.
Тимот на Јувентус во досегашните 15 натпревари победи шест пати, но дури девет пати одигра нерешено и затоа е на шестото место на табелата со 27 бодови. „Газета дело Спорт“ објави дека клубот во последните 14 години само во сезоната 2021/22 имал помалку бодови по 15 натпревари во споредба со оваа сезона.
Јувентус со Масимилијано Алегри на кормилото имаше освоено 24 бодови и таа сезона ја заврши како четврта екипа во Серија А со освоени 70 бодови на крајот.