Мотор Запорожје е нов член на СЕХА-лигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По најавите на голем дел од руските медиуми, денеска Мотор Запорожје официјално стана член на СЕХА-лигата, па ќе настапува во регионалното натпреварување од идната сезона.

„Денеска потпишавме договор со Мотор и мило ни е што ќе настапува во СЕХА-лигата“, кажа претседателот на СЕХА, Михајло МИхајловски.

Од клубот на Запорожје порачаа дека се среќни поради ваквиот потег, кој ќе биде запишан во нивната историја.

„Ова е нова страница во нашата историја. Конечно станавме дел од семејството на СЕХА-лигата. Мотор е амбициозен клуб, па се надеваме дека ќе стигнеме до финалниот турнир“, вели претседателот на клубот, Олимпи Покатов.

Да потсетиме, во СЕХА-лигата идната сезона ќе настапуваат Вардар и Еурофарм Работник.