Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Барселона, Денис Суарез, кој е на позајмица во Арсенал, би можел да освои неколку трофеи, иако за нив не се бореше како што треба.
Суарез има шест настапи за Арсенал и осум за Барселона, односно вкупно 176 минути на теренот, а има шанса да ја освои и Лигата на шампиони и Лига Европа
Звучи неверојатно, но Шпанецот на почетокот на сезоната со Барселона го освои Суперкупот, а потоа Каталонците ја потврдија и титулата во Ла Лига.
Каталонците би можеле да го освојат и трофејот во Лигата на шампиони, а исто така и шпанскиот Куп.
Исто така, во Арсенал одигра само шест натпревари, а „топчиите“ имаат голема предност во полуфиналето на Лига Европа (3-1) против Валенсија и би можеле да обезбедат финале.