„Можеби го оспоруваат Александар Велики, но Горан Велики не можат!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски се запиша во историјата заедно со останатите репрезентативци со кои изборија пласман на Европското првенство во 2021 година.

Капитенот Горан Пандев беше херој на репрезентацијата откако го постигна единствениот гол на натпреварот, а по мечот селекторот го испофали нашиот напаѓач.

„Ви благодарам на честитките, но тие треба да бидат за моите фудбалери. И не се само овие тука, едно момче денес лежи во кревет, тоа е Барди, тука не се Кире, Крсте, Буба..Сите се дел од успехот. Македонија има еден херој кој никој не може да го оспори – Александар Велики го оспоруваат, но Горан велики не може никој да го оспори“, кажа Ангеловски.