Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се посериозни се најавите дека Кристијан Ериксен на крајот ќе се пресели во Реал Мадрид.
Имено, му истекува договорот следната сезона, тој веќе ги договори своите услови со Реалм но Данијел Леви, по обичај, ја потврди цената од 150 милиони за данскиот фудбалер.
Се чини дека тоа е обид да се подигне влогот, никој не верува дека Ериксен 12 месеци пред истекот на договорот толку вреди, но секако дека претседателот на Тотенхем ќе се обиде да ја наполни касата.
Ериксен од Ајакс стигна своевремено во Тотенхем, а некој вид замена за Данецот би можела повторно да стигне од Амстердам. Во прашање е Хаким Зијех кој е на продажба, споменуван е Баерн, но понудата на Тотенхем е околу 40 милиони евра плус бонуси. Мароканецот би бил продаден за 50 милиони, но со оглед на партиите на Ајакс оваа сезона, сигурно е дека и поголемите екипи размислуваат за него.
Што се однесува до Реал, Ериксен е пореална опција од Погба кого Зидан го посакува, но проблемот остануваат примањата, иако како што се наведува Французинот прифаќа да се намалат истите на 12 милиони.
Соблекувалната е несигурна, исто така Перез избегнува да работи со Раиола, па останува да видиме што ќе биде после се.