Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Компанија Mozzart продолжува со своите општествено одговорни активности, а овој пат донираше најсовремени кревети за интензивна нега, наменети за Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје.
Изминатата недела Mozzart донираа кревети во ЈЗУ Клиника за пулмологија и алергологија во Скопје, распределени во болницата и ковид центрите каде што има најмногу потреба.
Од Градската општа болница „8-ми Септември“ се заблагодарија на донацијата која е исклучително важна во овие тешки моменти кога постои недостиг на слободни места во болниците.
„Би сакале да изразиме голема благодарност до компанијата Mozzart за реализираната донација на кревети во нашата болница. Во екот на пандемијата и недостигот на слободни кревети по болниците, ваков хуман гест е од огромно значење. Секое дополнително место во болницата може да значи и дополнително спасен човечки живот.“ – изјавија од менаџментот на Градската општа болница „8-ми Септември“ Скопје.
Mozzart реализираат бројни хуманитарни кампањи наменети за болниците и здравствените работници уште од самиот почеток на појавата на коронавирусот. Од таму велат дека во овие тешки моменти во услови на глобална криза предизвикана од пандемијата на страшниот вирус, секоја донација во болниците е од огромно знчење за здравствениот систем.
„Нашата компанија веќе со месеци се труди да помогне на државата и здравствените работници и преку своите донации да ги подобри условите за работа во болниците ширум земјата . Овој пат се обидовме да помогнеме околу недостигот на слободни кревети во дел од болниците, каде се лекуваат болни од Ковид-19. Свесни сме за тешката ситуација во која се наоѓа целата држава, па секогаш се трудиме да регираме брзо таму каде што помошта е најпотребна. Секако, продолжуваме и во новата 2021 година да бидеме општествено одговорни и да помагаме во рамки на нашите можности онаму каде што е најпотребно.“ – изјавија од менаџментот на компанија Mozzart.
Компанијата Mozzart е препознатлива по општествено одговорните акции, кои особено се истакнуваат од појавата на Covid-19, a со тоа и појавата на зголемени потреби за помош во услови на глобална криза. Тие во борба против пандемијата на коронавирусот донираа финансиски средства, пакети со храна, телевизори, компјутери, инвентар, витамински пакети за освежување, како и други материјални добра наменети за различни установи со кои обезбедуваат помош на најзагрозените категории на граѓани во сите области од општеството.