Му даде гол на Јунајтед, а следното утро мораше да прави – тест!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Лук Метисон, 16-годишниот фудбалер на англискиот третолигаш Рокдејл, постигна гол против Манчестер јунајтед во Лига Купот, но следното утро морал во училиште да прави тест по психологија.

Јунајтед по подобро изведување на пенали избори пласман во осминафиналето, кадешто ќе игра против Челси, а Метисон во 76. минута му донесе израмнување на својот тим.

Време за славење немаше, бидејќи во четврток мораше да оди во училиште да прави тест.

„Одам во училиште, а утре имам тест од психологија. Тоа се случи толку брзо. Дебитирав на 15. Септември, а потоа постигнав гол на ‘Олд Трафорд’. Не можам да барам повеќе од тоа“, вели Метисон.