Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез е свесен дека неговото време во Барселона полека завршува. Тој во јануари ќе го прослави 33. роденден и се споменува можноста да ја напушти Каталонија.
Уругваецот знае дека нема да може уште долго време да го носи каталонскиот дрес.
„Кажав и претходно. Ќе дојде време кога годините нема да ми дозволат да играм на ниво кое е потребно на Барселона. Сепак, ќе играм додека можам и додека имам сила да му помогнам на тимот. Ќе биде добро за мене ако ми донесат конкуренција, тогаш ќе ме натераат повеќе да се трудам и тоа ќе биде доброза екипата“, вели Суарез.
Суарез веќе шеста година по ред е член на Барселона, па за клубот одигра 260 меча и постигна 185 голови.