Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Многумина останаа изненадени кога Мерих Демирал во летниот преоден рок стана нов фудбалер на Јувентус.
Турскиот репрезентативец на почетокот не добиваше шанса од Маурисио Сари, но во последниот месец редовно играше во тимот и прикажуваше одлични партии со што го истисна од првите 11 скапото засилување, Матис Де Лихт.
Демирал одигра одлично против Рома, постигна и гол, но за жал заработи тешка повреда на лигаментите во коленото. Сега е сигурно дека тој ќе го пропушти останатиот дел од сезоната.