„Му понудив на Челси да играм бесплатно, а денес плачам поради тоа“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на Челси, Чарли Мусонда откри дека понудил да игра бесплатно во очајнички обид да остане во премиерлигашот.

Мусонда во 2012 година стигна како 15-годишник во Челси, но одигра само седум меча за сениорскиот тим, додека во 2018 година имаше тешка повреда на лигаментите.

Белгиецот ова лето си потпиша за шпански Леванте, а во разговор со медиумите открива дека се нудел да игра бесплатно.

„Му објаснив на Тухел дека ќе играм бесплатно. Тоа нема врска со договорот, ќе играм бесплатно. Можам да бидам и последен избор во екипата, но ќе тренирам, ако треба и со резервите. Тухел ме разбра, но ми кажа дека не зависи сè од него. Разговарав и со Чех и ми кажа дека морам да заминам, а денес плачам од носталгија кон тимот“, кажа Мусонда.