Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Младиот фудбалер на Копенхаген, Рони Бардџи би можел во зимскиот преоден рок да го засили Манчестер јунајтед.
Англиските медиуми пишуваат дека Бардџи е главна желба на Тен Хаг, а момчето веќе импресионираше со настапите за Копенхаген, а наскоро ќе наполни 18 години.
Роден е во Кувајт, а досега играше за младата репрезентација на Шведска, додека пред неколку дена го урна Манчестер јунајтед во Лигата на шампиони.
Трансферот на тинејџерот ќе изнесува околу 15 милиони евра, а новата управа на „ѓаволите“ сака Бардџи да биде прво засилување во зимскиот преоден рок.