Му пресуди на Реал на „Бернабеу“, а до неодамна чистеше зелени површини!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Себастијан Тил беше јунак на Шериф Тираспол во вторникот кога приреди една од најголемите сензации во светот на спортот.

Молдавскиот шампион во Мадрид славеше со 2-1 против Реал Мадрид, а никој пред мечот не очекуваше такво нешто.

Херојот на екипата каде што игран Бобан Николов има 27 години и постигна спектакуларен погодок за победа на Шериф.

„Повеќе од 100 пати го гледав голот. Многу мои пријатели го гледаа голот и кога и да отворам интернет можам да го најдам. Нашиот тренер ни рече да не се плашиме и да играме фудбал. Ги анализиравме и знаевме дека може да победиме“, вели Тил.

Тил зборуваше дека сонувал за настап против најдобрите тимови.

„Како дете сите сонуваат да играат против најдобрите во Лига на шампиони. На почетокот не знаете дека сте постигнале победнички гол во Мадрид, а дури по мечот размислувате за тоа“, кажа 27-годишниот фудбалер.

Интересно е тоа што на ногата има тетоважа која го прикажува неговиот сон за настап во елитното натпреварување, иако до минатата сезона беше аматерски играч.

„Сакав живот, сакав забава, сакав алкохол, сакав цигари. Јадев пица наутро. Никогаш не сум се гледал како професионален играч. Минатата година почнав да размислувам на тоа. Сега имам поинаков став“, вели тој.

Од Луксембург заминал во Русија…

„Никогаш не сум имал понуда за професионален договор. Пред заминувањето во Русија морав да работам на друго место и во исто време да тренирам фудбал. Бев вработен во општина и се грижев за зелена површина“, открива Тил.