Му пропадна планот на Перез – прекинати преговорите за ѕвезда на Баерн!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој има договор со бундеслигашот до идната година.

Шпанските медиуми пишуваат дека „кралевите“ ги промениле плановите за следното лето и сега сака да го купи дефанзивецот на Лил, Лени Јоро.

Баерн ќе мора во следниот период да размисли што ќе прави со Дејвис, кој не сакаше да стави потпис на нова соработка, па следното лето е последна шанса да заработат пари од негов трансфер.