„Му скршив прст на Ван Дајк и не знам како се случи тоа“ 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Норвешка одигра 1-1 против Холандија во средбата од квалификациите за Светското првенство (СП) во Катар во 2022 година.

Голот за Норвежаните го постигна Ерлинг Халанд, додека за противничката екипа стрелаше Дави Класен за конечни 1-1.

Голема битка со стоперите на Холандија водеше Халанд, а Вирџил Ван Дајк и Стефан де Фрај имаа тешка задача да го задржат.

Сепак, во тек на жестоката битка се повреди стоперот на Ливерпул на кој Халанд наводно му скршил прст.

„Мислам дека на Ван Дајк му скршив прст. Ми пријде и ми кажа дека сум му го скршил прстот. Не знам како се случи тоа…“, вели Халанд.