Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси славеше против Брајтон во пријателски меч во САД со 4-3, па така екипата на Маурицио Покетино покажа дека е во добра форма пред почетокот на новата сезона.
Дани Велбек постигна гол за водство на Брајтон, но Кристофер Нкунку набрзо израмни на 1-1 и со тој резултат екипите заминаа на полувреме.
„Сините“ се разиграа во вториот дел, кога Михајло Мудрик постигна прекрасен гол за радост на Челси, а потоа стрелаа Конор Галагер и Николас Џексон за 4-1.
Брајтон се разбуди во финишот од мечот, па преку Жоао Педро и Дениз Ундав ги поставија конечните 3-4.