Мудрик се подготвува за судење, во помош ги повика адвокатите на Погба


Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Фудбалската асоцијација денеска објави дека е започната постапка против фудбалерот на Челзи поради прекршување на анти-допинг правилата, односно употреба на забранета супстанца. Во краткото соопштение беше додадено дека ФА нема да се огласува понатаму.

Па, Украинецот би можел да биде отстранет од фудбалот на период од две до четири години, иако фудбалерот што чини 70 милиони евра практично веќе ја издржува казната. Тој не настапи ниеденпат откако во декември беше објавено дека при една рутинска контрола бил позитивен на мелдониум, а потоа узорокот Б ги потврдил наодите.

Фото: Grok AI