Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денеска се одржа Собранието на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на која доверба доби актуелниот претседател Живко Мукаетов, кој ќе остане уште четири години на чело на федерацијата.
На собранието беа присутни 51 делегат од 54 и сите му дадоа поддршка на единствениот кандидат за оваа позиција во РФМ.
„Ви благодарам за поддршката и довербата и се надевам дека ќе продолжиме по истиот пат за уште подобра иднина на македонскиот ракомет“, кажа Мукаетов по добивањето на третиот мандат.
Мукаетов на чело на РФМ е од 2013 година.